Skip to content Skip to footer

Визија

Младите живеат во општество во кое владее мир и толеранција и активно придонесуваат кон искоренување на говорот на омраза и активно учествуваат во развојот на заедницата.

Мисија

Мисија на Платформата е да ја гради свеста кај младите за тие да станат отпорни и да не потпаѓаат на влијанија кои ќе ги поттикнуваат на насилен екстремизам и да ја развива соработката меѓу релевантните чинители создавајќи механизми за превенција и справување со насилен екстремизам меѓу младите.

Цели

Општа цел:

Да се намалат девијантните појави и насилниот екстремизам меѓу младите и тие да станат отпорни и да не подпаѓаат под влијанија кои ги потикнуваат кон насилен екстремизам.

Специфични цели:

  • Подигната свест на младите за потребата од помирување, мир и толеранција
  • Креирани миханизми за превенција и справување со насилен екстремизам
  • Идентификување заеднички вредности и подобрена заедничка соработка
  • Обезбедена поддршка на засегнатите и жртвите на насилен екстремизам

Активности

  • Едукација на млади на тема млади против насилство и разјаснување на концептите и релевантната терминологија.
  • Обуки, семинари, предавања во училишта, фокус групи.
  • Користење социјалните мрежи, споделување позитивни примери преку видеа, организирање онлајн дебати за млади, работилници итн.
  • Зајакнување на социјалните вештини на младите.
  • Индиректно нудење на психолошка помош за засегнатите жртвите на насилство, преку релевантни организации/институции.
  • Вмрежување на клучните чинители вклучувајќи ги граѓанските организации, училиштата, општините, Сојузот на средношколци, неформалните групи, како и други релевантни чинители и институции.
  • Заедничко развивање на стратегија, акциски план и кампања преку која ќе се работи на градење на свеста и преку која ќе се креираат алтернативни наративи.
  • Надминување на некоординираноста на институциите и адресирање на локални проблеми со конкретни акции.

Оваа веб-страница е креирана и се одржува со финансиска поддршка на Европската Унија. Нејзината содржина е единствена одговорност на проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)” и не ги одразува ставовите на Европската Унија.

IEP © 2024.

All Rights Reserved.