Skip to content Skip to footer

Координатор на проектот

Партнери

Целни групи

Главната целна група се пошироката група на граѓански организации кои работат на образование за млади, граѓанско општество и ЕУ образование, спречување на радикализација што може да доведе до насилен екстремизам и тероризам.

Втората целна група се млади лоцирани во општините Скопје, Куманово и Струга.

Третата целна група се претставници на локалните самоуправи, средни училишта и акциони групи во заедницата.

Крајни корисници се млади, нивните семејства и жители во областите на општините Скопје, Куманово и Струга

Цели

Општа цел

Зајакнување на капацитетот на локалното граѓанско општество за градење отпорност против радикализација на младинското население во Северна Македонија.

Специфична цел

Развивање на граѓанска едукативна платформа за млади, дизајнирање на мотивирачки наративи и алтернативни наративи за граѓанско образование, како средство за спречување на радикализацијата на младите.

Резултати


Развиена и функционална платформа за граѓанско образование на млади, наменета за дизајнирање на контра-наративи и алтернативни наративи за спречување на радикализацијата што води кон насилен екстремизам и тероризам.

Воспоставена/овозможена граѓанска платформа за образование на млади како средство за креирање на контра-наративи и алтернативни наративи за спречување на радикализацијата што може да доведе до насилен екстремизам и тероризам.

Промовирана меѓуетничка соработка помеѓу младите во мултикултурните градови Скопје, Куманово и Струга.

Активности

Развој на платформа за граѓански организации за образование на млади

  1. Организација на работилници за граѓански организации за контра-наративи и алтернативни наративи, за спречување на радикализацијата што може да доведе до насилен екстремизам и тероризам во Струга, Куманово и Скопје.
  2. Воспоставување на граѓанска платформа наменета за граѓански организации, за образование на млади, со цел да се развијат контра- наративи и алтернативни наративи за радикализација и наративи за превенција од насилен екстремизам.
  3. Дизајн и операционализација на веб и мобилна апликација за платформата наменета за граѓански организации
  4. Градење на капацитетите на граѓанските организации-членки на Платформата за обраование на млади, со фокус за спречување на радикализацијата што води кон насилен екстремизам и тероризам, граѓанско образование, застапување и транспарентност

Примена на елементи за граѓанско образование на младите како средство за спречување и борба против радикализацијата на младите

  1. Потпишување на Меморандум за  соработка  со  општините  за унапредување на on-line и off-line платформа за граѓанско образование на млади.
  2. Изработка на прирачник за рано откривање на радикализацијата на младите
  3. Изработка на програми за неформално граѓанско образование за младите за справување со радикалите и унапредување на меѓукултурната соработка
  4. Организација на обука за млади и граѓански организации за меѓукултурна, социоекономска и медиумска писменост
  5. Организација на 3 меѓуопштински работилници за млади и граѓански организации

Промовирање на позитивни младински иницијативи, како средство за спречување на радикализацијата на младите

  1. Организација на дигитално медиумско покривање на активностите на граѓанската платформа
  2. Организација на младински натпревар за најдобри идеи за развој на заедницата
  3. Организација на завршна конференција
Локација

Северна Македонија – делови од град Скопје, Струга и Куманово

Датум на започнување

01/01/2021

Датум на завршување

31/12/2023


Оваа веб-страница е креирана и се одржува со финансиска поддршка на Европската Унија. Нејзината содржина е единствена одговорност на проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)” и не ги одразува ставовите на Европската Унија.

IEP © 2024.

All Rights Reserved.