Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Општа цел

Придонесување кон зголемена заштита на правата на младите жени во Северна Македонија.

Специфична цел

Промоција на граѓанска платформа за заштита на младите жени од сајбер (онлајн) насилство

Активности (Работни пакети)

Работен пакет 1: Анализа на еко-системот за превенција и заштита од родово базирано сајбер насилство
Работен пакет 2: Градење на капацитетите на граѓанските организации и други засегнати страни за препознавање и реагирање на родово базирано сајбер насилство.
Работен пакет 3: Политички и програмски решенија за (сајбер и офлајн) родово базирано насилство
Работен пакет 4: Онлајн кампања за препознавање на родово базирано сајбер насилство
Работен пакет 5: Правна и психосоцијална поддршка за млади девојки и жени

Очекувани резултати

Р1. Анализиран екосистемот за превенција и заштита од родово базирано сајбер насилство.
Р2. Изграден е капацитетот на граѓанските организации и засегнатите страни за дигитална писменост и препознавање на родово базирано сајбер насилството.
Р3. Спроведена онлајн кампања за препознавање на родово базирано сајбер насилството.
Р4. Развивени политички и програмски решенија за сајбер (родово базирано) и офлајн насилство.
Р5. Пружена правна и психо-социјална поддршка на младите девојки и жени.

Целна група

  • Млади жени/девојки на возраст од 15-29 години
  • Училишта и други образовни ентитиети
  • Граѓански организации
  • Младински активисти и младински совети
  • Јавите власти

Временска рамка

Времетраење на проектот е од 1 јануари 2025 до 31 декември 2026.


Оваа веб-страница е креирана и се одржува со финансиска поддршка на Европската Унија. Нејзината содржина е единствена одговорност на проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)” и не ги одразува ставовите на Европската Унија.

IEP © 2026.

All Rights Reserved.