Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Контра-наративи и алтернативни наративи за спречување на радикализација што може да доведе до насилен екстремизам и тероризам

Во рамки на проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација – (Младите против насилство)” кој организацијата Иницијатива за европска перспектива го спроведува во соработка со Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) од Куманово, Нексус– Граѓански концепт од Скопје, Здружението за развој и активизам – Аква од Струга и организацијата Градење на заедницата од Митровица – Косово, се одржа и последната работилница на граѓански организации кои работат со млади, од предвидените три за оваа проектна активност.

Работилницата беше во организација на Здружението за развој и активизам – Аква и добредојде на присутните им посака Валентина Тодоровска – Проектен асистент. Во продолжение, Славица Јовческа, Претседател на здружението за развој и активизам – Аква, го презентираше проектот, неговите цели, активности и резултати.

Платформата – Младите против насилството, начинот на формирање, целите, бенефитите од истата ги презентираше Валерија Соколова-Стојановска – директор на проектот од организацијата Иницијатива за европска перспектива – ИЕП.

“Улогата на граѓанските организации во градењето на заедницата е од големо значење, особено делот кој што ги вклучува младите, бидејќи преку нивно учество и ангажман на различни активности и проекти, ќе се овозможи безбедна заедница за живеење и делување. Платформата е алатка која е наменета за граѓанските организации и младите, кои заеднички ќе креираат позитивни наративи и алтернативни наративи, со цел борба против радикализација на младите” – истакна Соколова-Стојановска.

Потоа свое излагање имаше експертот Елена Миленкоска – Михаиловска, која со присутните водеше дискусија за состојбата со радикализација и причините поради кои младите тргнуваат по тој пат. Интересно беше, што на самата работилница имаше средношколци, наставници, претставници од МВР, од општина, како и младински организации, така што сите го разгледуваа овој проблем од нивни аспект. Се дискутираше за говорот на омраза во училиштата, на спортските натпревари и социјалните мрежи. Претставникот од МВР – Сектор за превенција истакна дека имале неколку средби со навивачките групи, со кои дискутирале за последиците кои ќе ги сносат доколку говорот на омраза продолжи. По овие неколку средби ситуацијата значително се подобрила, но се уште има потреба да се работи. Поради ситуацијата со Ковид- 19, дел од активностите се привремено прекинати.

Проектот продолжува со имплементацијата на активности, кои предвидуваат уште многу различни акции наменети за младите, граѓанските организации и јавните и образовни институции.

iep-admin
Author: iep-admin


Оваа веб-страница е креирана и се одржува со финансиска поддршка на Европската Унија. Нејзината содржина е единствена одговорност на проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)” и не ги одразува ставовите на Европската Унија.

IEP © 2024.

All Rights Reserved.