Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Контра-наративи и алтернативни наративи за спречување на радикализација што може да доведе до насилен екстремизам и тероризам и улогата на граѓанските организации во превенција од радикализација.

Иницијатива за Европска перспектива (ИЕП), во партнерство со организациите Нексус – Граѓански концепт, Здружението за развој и активизам – Аква од Струга и Центар за интеркултурен дијалог (ЦИД) од Куманово, денес, ја одржаа првата работилница во рамки на проектот „Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација – (Младите против насилство)”.

Граѓанските организации кои работат со млади се запознаа со проектот, неговите цели и крајниот продукт – Платформата за граѓанско образование на млади – Младите против насилство.

Г-ѓа Афродита Муслиу, претседателка на Нексус-Граѓански концепт, ги поздрави присутните гости, додека проектот, платформата и придобивките од проектот ги презентираше директорката на проектот од ИЕП, г-ѓа Валерија Соколова-Стојановска.

Експертот Г-ѓа Елена Миленкоска – Михаиловска, во рамки на проектот ќе изработи основна анализа за состојбата на младите и нивната радикализација во Северна Македонија, што беше предмет на дискусија и со присутните учесници на обуката, кои ги споделија своите искуства.

Г-ѓа Муслиу се осврна на нивната досегашна работа на овие теми, состојбата во С. Македонија, како и слабите страни на системот, можностите за подобрување и потребата од соработка на граѓанскиот сектор со државните органи кои работат со млади, процесот на радикализација, насилен екстремизам и тероризам.

Со оглед на тоа што голем дел од учесниците беа просветни работници и психолози, на денешната работилница, најмногу се дискутираше за училиштата, наставниот кадар и нивниот однос со учениците. Се истакна потребата од подобрување на соработката помеѓу родителот, наставникот и ученикот, за да може навреме да се препознаат првите знаци на радикализација и навремено да се интервенира. Друга важна тема беше и социјална кохезија на младите од различни етнички припадности уште од најрана возраст и работата со родителите за да не го попречуваат овој процес.

iep-admin
Author: iep-admin


Оваа веб-страница е креирана и се одржува со финансиска поддршка на Европската Унија. Нејзината содржина е единствена одговорност на проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)” и не ги одразува ставовите на Европската Унија.

IEP © 2024.

All Rights Reserved.