Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Во рамки на проектот “Младите против насилство”, беше спроведена дводневна обука за  јакнење на капацитетите на граѓанските организации-членки во платформата, за фацилитација на меѓу-секторско партнерство.

Целта е да се обучат граѓанските организации, членови на Платформата, како да користат различни партнерства, како да пристапуваат кон јавниот сектор, локалните лидери и други субјекти, како да го структурираат разговорот и дискусиите. Поконкретно, освен со општините и други засегнати институции, како поддржувачи на проектот, ГО беа обучени како да воспостават директен однос со наставниот кадар, педагозите, директорите во училиштата. Истите тие ќе бидат консултирани за развој на граѓанските едукативни програми во рамки на проектот.

Програмата која што беше применета за време на обуката имаше за цел да воспостави сеопфатен систем на учење, дизајниран по мерка, според индивидуални капацитети и можност за интеракција преку практично учење, на две нивоа:

1.   „Разбирање“ и „стекнување знаење“, како збир на стекнати и систематизирани информации, односно збир на теоретски и фактички информации;

2.  Вештина за „толкување и способност за водење дискусија“.

Во таа насока, ГО се стекнаа со знаење и разбирање за:

  • Институционалните актери и мапирање на ситуации и активности
  • Начинот на кој функционира мулти-секторскиот пристап и кои се стандардите за истиот
  • Алатки за застапување и предлог решенија за надминување на ризиците
  •  Ги подобрија своите знаења во делот на продуктивноста и паметното работење
  • Развија способност за дебатирање и ќе може да отворат прашања
iep-admin
Author: iep-admin


Оваа веб-страница е креирана и се одржува со финансиска поддршка на Европската Унија. Нејзината содржина е единствена одговорност на проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)” и не ги одразува ставовите на Европската Унија.

IEP © 2024.

All Rights Reserved.