- Едукација на млади на тема млади против насилство и разјаснување на концептите и релевантната терминологија.
- Обуки, семинари, предавања во училишта, фокус групи.
- Користење социјалните мрежи, споделување позитивни примери преку видеа, организирање онлајн дебати за млади, работилници итн.
- Зајакнување на социјалните вештини на младите.
- Индиректно нудење на психолошка помош за засегнатите жртвите на насилство, преку релевантни организации/институции.
- Вмрежување на клучните чинители вклучувајќи ги граѓанските организации, училиштата, општините, Сојузот на средношколци, неформалните групи, како и други релевантни чинители и институции.
- Заедничко развивање на стратегија, акциски план и кампања преку која ќе се работи на градење на свеста и преку која ќе се креираат алтернативни наративи.
- Надминување на некоординираноста на институциите и адресирање на локални проблеми со конкретни акции.