Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Желбата за обезбедување подобри услови за живот и развој на младите, обезбедување стабилно општество отпорно на радикални наративи и говор на омраза, како и промоција на позитивните вредности за изградба на психофизички здрава младина, беше повод за потпишување Меморандум за реализација на заеднички активности во рамки на проектот „Платформа за граѓанско образование за млади за борба против радикализација (Младите против насилство).
Меморандумот го потпишаа проектните партнери Здружение на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП), НЕКСУС – Граѓански концепт, Здружение за развој и активизам АКВА, Струга и Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД), Куманово и градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, како и директорите на средните училишта „Ибрахим Темо“, Бесиме Јонузи и „Нико Нестор“, Кети Јанковска од Струга.
„Струга е препознатлива по соживот, град каде се почитуваат различностите и се негуваат. Како Општина заедно со училиштата во континуитет работиме на мултикултурализмот. Ваквите проекти се надополнување на нашата работа и секогаш се добредојдени. Чест ми е што соработуваме со невладиниот сектор и секој со својата улога ќе се стремиме нашиот град да биде симбол на толеранција, почитување и прифаќање на различностите и културите“, објасни Рамиз Мерко, градоначалник на Струга.
За Валерија Соколова – Стојановска, проектен директор на „Платформа за граѓанско образование за млади за борба против радикализација (Младите против насилство), проектот е насочен кон градење психо-физичка здрава младина отпорна на радикални идеологии.
“Приоритет во рамки на проектот се позитивни вредности, меѓукултурна соработка и социо-економски активности за развој на заедницата. За остварување на целите и резултатите на проектот, потребна е и институционална поддршка во процесот на превенција. Поддршката од општините, училиштата и другите релевантни институции е клучна во процесот на превенција од радикализација и обезбедувањето услови за раст и развој на младите во заедницата во која живеат и дејствуваат“, изјави Валерија Соколова – Стојановска, проектен директор на „Платформа за граѓанско образование за млади за борба против радикализација (Младите против насилство).
Проектот „Платформа за граѓанско образование за млади за борба против радикализација (Младите против насилство)“ е финансиран од Европската Унија.

iep-admin
Author: iep-admin


Оваа веб-страница е креирана и се одржува со финансиска поддршка на Европската Унија. Нејзината содржина е единствена одговорност на проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)” и не ги одразува ставовите на Европската Унија.

IEP © 2024.

All Rights Reserved.