Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Младите да живеат во општество, во кое владее мир и толеранција, активно да придонесуваат кон искоренување на говорот на омраза и активно да учествуваат во развојот на заедницата, е мисија на Платформата за граѓанско образование на млади за борба против радикализацијата (Младите против насилство), што го спроведува Иницијатива за европска перспектива (ИЕП), НЕКСУС – Граѓански концепт, Здружение за развој и активизам АКВА, Струга и Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД), Куманово.

Проектниот директор, Валерија Соколова Стојановска, на денешната средба со претставници од невладини организации, образовни институции и Општина Струга истакна дека градењето на свеста на младите и граѓанските организации, преку најразлични активности, мултисекторскиот пристап, како и соработката со релевантни чинители ќе придонесат кон остварување на мисијата на платформата, како и целите на проектот. – Состаноците со младите, граѓанските организации и релевантните чинители се клучни за информирање, подигнување на свеста, креирање механизми за превенција, идентификација на вредности и обезбедување на поддршка на сите засегнати, рече Соколова Стојановска. Драгана Костовска од здружението за поддршка на идентификувани потенцијални ранливи групи „Жртва“, смета дека едукацијата на наставниот кадар е многу значајна за намалување, односно спречување на радикализмот. Целта на проектот Платформата за граѓанско образование на млади за борба против радикализацијата (Младите против насилство), според Валентина Тодороска од здружението „Аква“ е вмрежување на сите чинители во процесот, односно комуникација меѓу општината, училиштата и граѓанскиот сектор, за, како што рече, да изградиме, психо-физичка здрава младина отпорна на радикални идеологии.

iep-admin
Author: iep-admin


Оваа веб-страница е креирана и се одржува со финансиска поддршка на Европската Унија. Нејзината содржина е единствена одговорност на проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)” и не ги одразува ставовите на Европската Унија.

IEP © 2024.

All Rights Reserved.