Во рамки на проектот „Важно е (локалното) младинско учество“, во Берово од 27.03.2022 до 31.03.2022 година се одржа првата обука .
Повеќе од 30 млади ентузијасти и активни волонтери во нивните заедници се вклучија во активностите за обука и ги надоградија своите знаења во повеќе области: младинска работа, мултикултурализам, фацилитирање, човекови права, двојазичен пристап на учење итн.
Учесниците на обуките беа од осум различни општини: Куманово, Липково, Тетово, Теарце, Гостивар, Струга, Чаир, Маврово и Ростуше и беа од различна етничка припадност, култура, религија и пол.
Покрај делот за учење, учесниците имаа и слободно време да играат повеќе друштвени игри, да ги продлабочат своите нови пријателства како чекор понатаму за идни заеднички активности.
По обуката, учесниците ќе работат на следните активности под надзор на менторите во локалните заедници.
Овие активности се дел од проектот „ Важно е (локалното) младинско учество “ спроведуван од ЦИД – Центар за интеркултурен дијалог од Куманово, а поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Република С. Македонија.