Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Продолжуваме со вториот модул “Екстремизам “, во рамки на активноста за зајакнување на капацитетите на младите и граѓанските организации. На 24.06.2022г. во Струга беше одржана првата работилница со младите претставници на членките во Платформата и други заинтересирани граѓански организации. Втората работилница од истиот модул беше спроведена на 28.06.2022г. во Скопје, додека пак третата и последна од овој модул,  ќе биде  спроведена во Куманово, на 01.07.2022г., како еден од целните градови во рамки на проектот.   

Целта на работилниците од вториот модул е градење и унапредување на знаењата и вештините на младите и ГО, разбирање на екстремизмот и радикализацијата што води кон насилство, чекори во рано препознавање и одговори на радикализација- лекции за превенција. Сите овие теми беа обработени заеднички со учесниците преку интересни, креативни и интерактивни методи/вежби и работа во групи. 

Во продолжение ви споделуваме фотографии од работната атмосфера за време на работилниците. 

iep-admin
Author: iep-admin


Оваа веб-страница е креирана и се одржува со финансиска поддршка на Европската Унија. Нејзината содржина е единствена одговорност на проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)” и не ги одразува ставовите на Европската Унија.

IEP © 2024.

All Rights Reserved.