На 31.05.2022г. во Скопје, беше спроведена и втората работилница за млади на тема “Активно учество”, во рамки на проектот Младите против насилство. Работилницата e наменета за млади, односно учество земаа учениците од скопските средните училишта “Кочо Рацин”, “Зеф Љуш Марку” и “Марија Кири Склодовска”, кои воедно се и соработници на проектот. Преку специјално креирана програма за работа со млади во рамки на проектот, преку практични примери, лични искуства и интеракција, младите имаа можност да се запознаат со процесите на одлучување, начини на младинска вклученост, како и нивно учество во утврдување на политиките за развој на сите нивоа. Третата, и последна работилница од овој модул ќе биде спроведена на 3ти јуни, во Куманово.