Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 од Битола-членка во Платформата, издаде Прирачник за спроведување кампањи против гласини (преземи).
Целта на Прирачникот е да понуди ресурси и да помогне во креирање и спроведување на стратегии, односно кампањи против гласини. Овој прирачник дава простор секој град, организација, граѓанин да го прилагоди на својот контекст и на специфични околности и да одлучи за своите приоритети и цели.
Прирачникот е издаден во рамки на проектот „Кампања против гласини: Гласно сокаче – Будно чикмаче“, поддржана од Советот на Европа преку Европската младинска фондација.