Во рамки на проектот Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилството), се одржа едукативна работилница на тема: Интеркултурни компетенции на младите, рушење на стереотипи и предрасуди кон различноста во заедницата
Едукативната работилница е прва од предвидените 3 работилници во рамки на овој модул. Едукативните работилници се наменети за млади и граѓански здруженија и ги опфаќаат темите интеркултурна, социоекономска и медиумска писменост. Следната работилница ќе се одржи на 30ти септември, во Куманово.