Членките на Платформата ,,Младите против насилство” активно се вклучија во процесот на консултации за развој на Стратешкиот план и со тоа придонесоа кон изработка на ,,Стратешки план на Платформата за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство) 2024-2025”.
Целта на Стратешкиот план на Платформата ,,Младите против насилство” е да даде стратешки насоки за работењето на Платформата за периодот 2024-2025.
Планот се подготвуваше во периодот мај-октомври преку 4 спроведени состаноци со членките на Платформата во Куманово, Струга и Скопје.
Повеќе информации може да прочитате во документот.