Средношколците од училишта во Струга, Куманово и Скопје учествуваа на обука на која имаа можност да научат за концептот на медиумска писменост, лажните вести, дезинформациите и онлајн демократијата, и како традиционалните и социјалните медиуми се користат за спротивставување на овие феномени, но како и се злоупотребуваат. Учениците активно учествува во работата во групи и развија плодна дискусија.
Спроведувањето на обуката за ,,Медиумска писменост, дезинформации (лажни вести) и онлајн демократија” е во рамки на проектот Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилството).