Дијалог – Центар за делибератпвна демократија, има визија за Македонија во која граѓаните ќе бидат активни учесници во процесите на делиберативната демократија.
ДИЈАЛОГ ќе се занимава со истражување и анализа, промоција на истражувањата со цел придонес за креирање на јавните политики, едукација за промовирање и развој на делиберативната култура, лобирање и застапување на вредностите на делиберативната демократија.
Сите овие методи ќе се надградуваат и преку соработка со вмрежување со владини, меѓувладини и невладини здруженија кои ги делат истите вредности и цели.
Главни полиња на истражување: Делиберативна демократија, Владеење на правото; Избори и политички партии; Цивилно општество; Влијанието на традиционални и нови медиуми за развој на делиберативната демократија во Република Македонија; Дискриминација и маргинализирани групи; Меѓуетничката кохабитација во Македонија, со посебен акцент за инклузивноста на немнозинските етнички малцпнства, Родова рамноправност; Социјална правда и Европска Унија и евроатланските интеграции.
Sorry, no records were found. Please adjust your search criteria and try again.
Sorry, unable to load the Maps API.