Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење ФРСТ ФАЈВ е основана во 2013 година како невладина, образовна и бизнис-ориентирана организација. Иницијално нашиот бизнис модел беше базиран на подобрување на образованието во раното детство, како и кај младите преку учење базирано на реалниот живот. Согласно на промените на пазарот на труд на локално и глобално ниво, потребите на организацијата и корисниците на услуги, во 2019 започнува преструктурирање со цел дејствување на поширок спектар на растечки социјални и општествени прашања. Во таа насока, основната цел на Асоцијацијата се проширува и редефинира, бидејќи не само на децата туку на сите им е потребна помош и поддршка да ги надминат предизвиците на современо доба.
Визија
Општество во кое човечката свест е на ниво во кое се тежнее не само кон одржливост туку и кон прогресивен развој на секој поединец и насамото општество. Општество во кое владее хармонија, самосвесност, неоптеретено со материјализам, завист, омраза, алчност. Општество во кое човек на човек му е пријател. Општество во кое се создава и живее денес, а се гради подобра иднина за следните генерации.
Мисија
Развој на поединци, во секоја фаза на животот.
Цели
Основната цел на Асоцијацијата е поддршка и помош на поединци да живеат достоинствен и исполнителен живот, преку унапредување на образование и промовирање на доживотно учење, хуманизација на работа и работно место, креирање и одржување на цврсти и долгорочни врски, зајакнување на вредности, морал, етика и различности, разбирање и вреднување на сите фази во животот на поединец (детство, зрелост и трето доба), зачувување и разумна употреба на ресурси, минимизирање на отпад и губитоци, промовирање на свест за одржлив развој и креирање на животен стил во согласност со природата. Вредности Животот е на прво место. Нашите вработени се нашата инвестиција. Нашите клиенти се наше огледало. Растеме преку иновации и постојано учење. Вистина, чесност и интегритет се бескомпромисни. Успехот има различно значење за секого. Ние го почитуваме тоа.
Sorry, no records were found. Please adjust your search criteria and try again.
Sorry, unable to load the Maps API.