Организација Category: надвор од целниот регион
Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 е невладино, непартиско, непрофитно и нерелигиозно. ФОРУМ 16 е основано во 2013 година. Визијата е да им помогне на граѓаните на Република Македонија да имаат подобар живот преку нови иницијативи кои промовираат активно граѓанство, можност и ангажман во граѓанското општество. Мисијата е да им помогне на граѓаните на Република Македонија во остварувањето на своите идеи во областа на културата. уметноста, економијата, образованието и социјалната одговорност, како и да мотивира вклучување на граѓаните во тековните програми, проекти и активности.
Целите се:
- Да поттикне и поддржи младински активизам во областа на културата, економскиот развој, локални прашања, спортот и образованието.
- Да поттикне и поддржи граѓанските иницијативи кои поттикнуваат социјален напредок, европски вредности и меѓународна соработка.
- Да поттикне и поддржи претприемачкиот дух и зајакнување на екосистемот во Македонија за формирање на бизниси, граѓански организации и социјални претпријатија.
- Да поттикне и поддржи волонтерство и неформално образование.
ул. Новачки пат бр. 16, 7000 Битола
Loading…
No Records Found
Sorry, no records were found. Please adjust your search criteria and try again.
Maps failed to load
Sorry, unable to load the Maps API.