Организација Category: во целниот регион
Здружение за граѓански активизам и поттикнување на општествена одговорност ХОРИЗОН ЦИВИТАС СКОПЈЕ е основана во Ноември 2017 како организација за поттикнување на граѓанскиот активизам и општествената одговорност. Мисијата на Хоризон Цивитас е нагласување на граѓанскиот активизам, зајакнување на нивото на демократија во општеството и помагање при целосната имплементација на човековите права и слободи.
Нашата визија е да се зајакнат и прошират хоризонтите на граѓаните за превземање на акции во насока на позитивни општествени промени.
НАШИТЕ ЦЕЛИ
- Да се иницира развојот во областа на општествените, културните и другите активности поврзани со креирањето на политики, се со цел подигање на свеста за активно и одговорно учество во општеството.
- Да се етаблира мрежа за зближување на луѓето кои имаат желба со нивниот активизам да придонесат на локално и национално ниво, во рамките на општествената одговорност.
- Да се развијат општествените знаења и вештини на учесниците преку размена на идеи и искуства.
- Да се овозможува рамноправно учество на граѓаните во имплементацијата на нивните права и слободи во Република Македонија, преку проекти и координација на активности.
НАШИТЕ АКТИВНОСТИ
- Имплемемтација на проекти од областа на граѓанскиот активизам, мултикултурализмот, образованието и јавните политики.
- Развој на разни активности кои им овозможуваат на граѓаните простор да ги изразат нивните мислења за специфични проблеми во општеството.
- Вмрежување преку соработка со локални, национални и меѓународни партнер организации , одржување на состаноци со истите се со цел подобрување на општествените услови на граѓаните и поголема општествена одговорност.
- Организација на бесплатни курсеви, обуки, конференции, панел дискусии и состаноци за размена на идеи и развој на знаењата на учесниците.
- Застапување за одбрана на правата на граѓаните пред владините институции, во случај на нивна злоупотреба, а кои се гарантирани со Уставот на Република Македонија.
ДТЦ Мавровка Ламела Ц7 1/9 Бул. Крсте Мисирков – Чаир
Loading…
No Records Found
Sorry, no records were found. Please adjust your search criteria and try again.
Maps failed to load
Sorry, unable to load the Maps API.