СППМД се стреми кон развој на модерно општество во кое младите луѓе ќе бидат активни граѓани кои редовно учествуваат во процесите на донесување одлуки за прашањата кои се однесуваат на нивната иднина.
СППМД веќе 25 години спроведува активности за:
– Организирање на слободното време на децата и младите;
– Обезбедување на можности за нивно учество во национални и интернационални програми за мобилност и неформално учење;
– Унапредување на домашната легислатива поврзана со состојбата на децата-жртви и децата во судир со законот;
– Обука на сите инволвирани во спроведувањето на Законот за Правда на Децата, заради негово адекватно спроведување од страна на сите релевантни институции.
Веруваме дека Платформата за скоро време ќе стане активен двигател во нашето општество, кога станува збор за подигнување на свеста и запознавањето на младите со особините, причините и проблемите за појавување на радикални форми на активност од страна на младата популација.
Sorry, no records were found. Please adjust your search criteria and try again.
Sorry, unable to load the Maps API.