КРЕАТОР Куманово е невладина, непрофитна младинска организација која работи на локално, национално и регионално ниво во Македонија. Таа е формирана во март 2008 година од активни младински работници од Куманово.
Мисијата на КРЕАТОР е да промовира и поддржи меѓукултурно разбирање, соработка, мир, толеранција и солидарност и да овозможи оддржлив развој преку создавање можности за активно вклучување на младите во општеството, а особено преку вклучување на волонтери на локално и меѓународно ниво.
Нашата визија е да веруваме во општество во кое сите млади луѓе го остваруваат својот целосен потенцијал и ја обликуваат иднината со моќ и самодоверба.
Веруваме дека младите можат да го направат нашето општество подобро место за живеење преку давање на свои иницијативи, активно вклучување во општествениот живот и можност да работат на сите теми кои нив ги засегаат.
Главна дејност: Нашата организација работи во две области: Млади и Спорт. Областа Млади опфаќа активности и проекти кои промовираат активно вклучување на младите во сите сфери од општествениот живот. Областа Спорт егзистира како танцов спортски клуб, посебно тело КРЕАТОР Денс кое промовира активно вклучување на младите во спортски танци и развивање на здрави навики.
Постигнувања: Како организација работиме од 2008. До сега имаме имплементирано 27 младински размени и 4 тренинг курса како организација – домаќин преку програмите Млади во Акција и Еразмус+. Над 1500 младинци во изминатите години имале можност да учествуваат на младинска размена во странство преку нашата организација. Исто така организатори сме на бројни локални акции на теми од интерес на младите.
Имплементираме младински регионален проект “Rainbow Bridge” финансиран од Регионалната канцеларија за млади – RYCO и многу локалени проекти финансирани од разми амбасади, УНДП.
Главни области на делување: Во секторот за млади работиме во 4 приоритетни области на делување:
- развивање на меѓукултурен дијалог и разбирање помеѓу младинци кои се од различна верска и етничка припадност. Активностите и проектите од оваа област се фокусираат на теми поврзани со предрасуди и стереотипи и нивно надминување, промоција на човекови права, промоција на различни култури, различности и традиции; како и креативно изразување на овие теми преку уметност, фотографија, театар, филм и сл.
- активно младинско учество – активностите од оваа област промовираат активно вклучување на младите во општествениот живот, промоција на активно грѓанство, волонтеризам и младински активизам, и вклучување на младите во процесот на носење политики и одлуки кои нив ги засегаат;
- развивање на вештини – активностите од оваа област се фокусираат на развивање на софт вештини кај младите кои ќе им бидат од корист при градење на кариери и учество на пазарот на трудот.
- заштита на животната средина од аспект на млади – развивање на свест кај младите преку различни локални работилници и креативна работа.
Своите цели КРЕАТОР ги остварува преку донесување на тригодишна стратегија за работа, во која се содржани информации за приоритетни области, интереси и други битни информации. Секоја година се подготвува и наративен и финансиски извештај врз основа на кој се предвидуваат одреден број активности за следната година.
Sorry, no records were found. Please adjust your search criteria and try again.
Sorry, unable to load the Maps API.