Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ платформа Скопје е доброволно, непрофитно и невладино здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, промоција и заштита на човековите права, како и заради вршење на дејности и активности за поттикнување на моралните и граѓанските вредности, зајакнување на меѓуетничките односи, афирмација на младите во општеството, промоција и заштита на медиумските слободи, права и стандарди и економски развој на територијата на Република Македонија и пошироко, а во согласност со Уставот и Законите.
Визијата на ЦЕТ платформа е остварување на поширок општествен интерес, делување и остварување на цели во областите на граѓанското општество, демократскиот поредок и институции, граѓанските вредности, човековите права, медиумите, неформалното образование и ранливите категории на граѓани во општеството.
Преку својата работа, ЦЕТ платформа се обидува да го стимулира личниот, професионален и општествен развој на младите, како и да поттикне нивно активно и одговорно учество во општествените, културни, политички, образовни и економски процеси.
ЦЕТ платформа Скопје е македонскиот огранок на СЕТ мрежата која има претставништва и во Србија, Хрватска, Црна гора, Словенија, Косово, Бугарија. Грција, Полска, Италија, Литванија и Босна и Херцеговина.
Основни цели и задачи:
• развој на граѓанското општество, демократијата и демократските институции
• унапредување и заштита на човековите права, граѓанските вредности и правата на ранливите категории на граѓани во општеството
• зајакнување на меѓуетничките и меѓурелигиските односи и придонесување кон еднаквост и солидарност во општеството
• унапредување и заштита на медиумските слободи, права и стандарди
• промоција на неформалното образование меѓу граѓаните, особено меѓу младите
Sorry, no records were found. Please adjust your search criteria and try again.
Sorry, unable to load the Maps API.