Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Во периодот од 23-25 јули, во Маврово се одржа вториот тренинг со членките во Платформата “Младите против насилство”, на тема Насилен екстремизам. Тренингот е дел од сетот на активности за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации-членки од Скопје, Куманово, Струга и пошироко, во рамки на проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)”.

Фокусот на тренингот беше претставување на начини и методи за справување со радикалните наративи, како да се креираат контра и алтернативни наративи, идентификација на ризиците за младите од насилен екстремизам и улогата на граѓанските организации во процесот на идентификација и превенција од радикализација.

Учесници на настанот беа претставници од граѓански организации – членки во Платформата кои работат или сакаат да работат во областа, организации кои работат со млади. Дополнителна вредност на тренингот со нивното искуство и познавање во областа, додадоа претставници од јавните институции од целните градови Скопје, Струга и Куманово.

Како резултат од тренингот ќе биде подготвен документ со насоки и препораки за граѓанските организации – членки во Платформата.

iep-admin
Author: iep-admin


Оваа веб-страница е креирана и се одржува со финансиска поддршка на Европската Унија. Нејзината содржина е единствена одговорност на проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)” и не ги одразува ставовите на Европската Унија.

IEP © 2024.

All Rights Reserved.