Во април продолживме со настаните за вмрежување за формирање младински центри, како дел од проектот „(Локално) Младинско учество е важно“.
Два настани за вмрежување беа организирани во Тетово и Струга.
Настанот за вмрежување во Тетово беше спроведен на 8 април 2022 година во УРБАН. Говорници на тој настан беа г-дин Роберт Декер (заменик шеф на мисијата во Амбасадата на Кралството Холандија), г-дин Билал Касами (градоначалник на општина Тетово), г-ѓа Тамара Петковска (координатор на проектот) и г. Метун. Муареми (претставник од партнерската организација ЦЕД)
Сите говорници споделија различни детали за проектот со специфичен акцент на нивната улога и поддршка во однос на проектот.
Понатаму, следниот настан за вмрежување се одржа на 15 април 2022 година во Струга, во хотел Дрим. Говорници на овој настан беа г-ѓа Емина Рустемоска (Референт за млади во општина Струга), г-ѓа Тамара Петковска (координатор на проектот) и г-ѓа Ана Наумоска (претставник од партнерската организација АКВА). На настанот се разговараше за проектните активности, можностите за вклучување на учесниците во него и начинот на кој тие можат да придонесат.
И во двата настани, покрај формалниот дел, имаше и неформален собир на учесниците каде што имаа можност подетално да разговараат за нивната вклученост во активностите и процесите во рамките на проектот.
*Овој проект е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во РНМ.