Центар за интеркултурен дијалог (ЦИД) во наредните 10 месеци ќе го спроведува проектот „Green Monitor“ преку кој ќе се промовираат серија на активно кои ќе придонесат за подигнување на еколошката свест, афирмирање зелени политики и промовирање транспарентност и одговорност на избраните носители на одлуки на локално и на национално ниво преку платформата www.greenmonitor.com.mk.
Брзото темпо на модерниот живот заедно со користењето на модерните технолошки алатки знае да ја занемари потребата од носење ефективни стандарди за заштита на животната средина и токму тоа кај политичките лидери и граѓаните мора да бидат тригер тие да се ангажираат поактивно во заштита на животнатна средина и промовирање на зелени политики кои имаат за цел да обзбедат поголем национален развој и почиста животна средина.
Во остварување на оваа цел, Центарот за интеркултуралн дијалог (ЦИД) заедно со EDYN MKD ќе имплементираат активности насочени кон промовирање на политичката транспарентност и отчетност од една страна, подигајќи ја еколошката свест преку проверка на факти и верификувани изјави дадени од носителите на одлуките, а од друга страна да се поттикне соработката на политичките партии и да се олесни дијалогот меѓу младите луѓе и избраните функционери преку серија на тренинзи и работилници.
Проектот е достапен за сите оние кои се сакаат да се вклучат и да дадат придонес во градење на безбедна животна средина, примена на принципите на отчетност и транспарентност и поттикнување имплементација на зелени политики од кои бенефит ќе имаат младите луѓе.
Проектот е поддржан од страна на SlovakAid во Северна Македонија и Eвропската мрежа на млади за демократија (EDYN).