Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Нами Исаки и Ивана Стојчевска учествуваа на меѓународната конференција  „КАКО МОЖАТ ОПШТИНИТЕ ДА БИДАТ МЛАДИНСКИ ПРИЈАТЕЛСКИ ОПШТИНИ?  во Краков, Полска која се одржа од 08 до 10 март 2022 година.

На конференцијата тие го претставија нашиот Младински центар МултиКулти како најдобра практика што ја имаме во нашиот град. Преку дискусија, тие се осврнаа и на некои интересни теми како што се:

  • јазикот на комуникација помеѓу градот и младите: текст, симбол, визуелни слики, вредности, постери, апликации, канцеларии
  • формални системи на препознавање на градот како младински пријателски ентитет  – студии на случај од европските градови
  • мерка за ефикасност на јавните младински политики и грасрут младински движења
  • зависности помеѓу општиот квалитет на живот во градот и аспектот на пријателство кон младите
  • други младински ориентирани идеи предложени од учесниците и нивните организации на проектот.

Оваа конференција е дел од проектот „Мапирање на најдобри практики за младински пријателски градови ( Youth friendly cities)“ кофинансиран од Програмата Еразмус+ на Европската Унија.

iep-admin
Author: iep-admin


Оваа веб-страница е креирана и се одржува со финансиска поддршка на Европската Унија. Нејзината содржина е единствена одговорност на проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)” и не ги одразува ставовите на Европската Унија.

IEP © 2024.

All Rights Reserved.