Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Центар за интеркултурен дијалог започна со настаните за вмрежување кои се предвидени во рамките на проектот „ (Локално) Младинско учество е важно “. На 11.03.2022г. се одржаа два настани за вмрежување во две целни општини, односно во Гостивар во МКЦ и во Маврово и Ростуше во Домот на културата.

Како дел од овие настани беа поканети претставници од сите релевантни чинители во заедниците, кои ги опфаќаат градоначалниците, претставници на градскиот совет, претставници од општините, претставници од младинските партиски крила и младите од локалните граѓански организации и други неформални групи.

Гостите беа информирани  за активностите и процесите кои ќе се одвиваат во текот на проектот како и можните начини на нивно ангажирање во рамките на овие активности. Во двата настана имавме говорници од општината кои ја изразија својата отвореност и волја за соработка, како и претставници од локалните партнерски граѓански организации  кои ги информираа присутните дека ќе им бидат на располагање за какви било прашања за ангажманот на проектот.

Во Маврово и Ростуше присутните ги поздравија градоначалникот Медат Куртовски, координаторката на проектот Тамара Петковска и Арт Спахиу од локалната партнерска  граѓанска организација.

Во Гостивар присутните ги поздравија претседателот на Градскиот совет Валбон Лимани, координаторката на проектот Тамара Петковска и Елтон Јашари од локалната партнерска граѓанска организација.

*Овој проект е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во РНМ.

iep-admin
Author: iep-admin


Оваа веб-страница е креирана и се одржува со финансиска поддршка на Европската Унија. Нејзината содржина е единствена одговорност на проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)” и не ги одразува ставовите на Европската Унија.

IEP © 2024.

All Rights Reserved.