Иницијатива за европска перспектива како водечки партнер на проектот “Младите против насилство” и постојана членка на Платформата, во рамки на своето пошироко делување го спроведува и проектот “Препознај и превенирај сајбер насилство” кој е финансиски поддржан од општина Гази Баба. На 7ми јуни во просториите на Општина Гази Баба, се одржа работилница со стручните служби (педагози, психолози) и наставници од основните училишта на тема “Сајбер насилство помеѓу учениците”. Пред присутните беа презентирани клучните сегменти како што се, видови на сајбер насилство, знаци на препознавање, како и начини на заштита и превенција. Преку практични примери на глобално ниво и интерактивна дискусија помеѓу присутните, се постигнаа целите на работилницата и беа исполнети очекувањата на претставниците од стручните служби и наставниците од основните училишта на територијата на општина Гази Баба.