Се одржа и третиот од серијата состаноци на Платформата, во рамките на проектот „Платформа за граѓанска едукација на млади за борба против радикализацијата (Младите против насилство)“.
Центар за интеркултурен дијалог од Куманово, беше организатор на овој состанок, на кој што заедно со СТРИТС, КРЕАТОР, ДРОМ, ИМФ и СКАУТ од Куманово, како членки на Платформата, се собраа заедно да разговараат за напредокот на Платформата и да ги мапираат потенцијалните чинители за соработка.