На заеднички состанок членките на Платформата ги избраа новите членови на Управен одбор. За Претседавач на Платформата беше избрана сара Чучуљ, претставник од Здружението на инвалиди ШПРЕСА од Скопје. Освен Претседавач, од редовите на УО изберени се и Координатор за комуникации-Илија Петров, претставник од Совет за превентива против малолетничка деликвенција-СППМД Кавадарци и Координатор за административни процедури Никола Веселинов, претставник од Институт за конзервативни политики САРИСА, Скопје. Ова е втор избор на членови на Управен одбор на Платформата во рамки на проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација”, а избраните претставници од организациите членки, ќе ги извршуваат своите функции до ноември 2023г.