Платформата “Младите против насилство”, спроведе три – еднодневни состаноци со граѓанските организации – членки каде што се идентификуваа и приоретизираа клучните области од значење за Платформата, се анализираа јаките и слаби страни, можностите, ризиците и заканите. Воедно се направи и проверка/ревизија на визијата и мисијата на Платформата.
Целта на состаноците, беше стратешко планирање на Платформата “Младите против насилство” за периодот од јануари 2024 до декември 2025г. Членките на Платформата активно учествуваа и придонесоа за утврдување на стратешките цели за наредните две години по завршување на проектот. На состаноците се донесоа заклучоци и се договорија следните чекори.
Состаноците се одржаа во периодот мај-јуни во Струга, Куманово и Скопје. Драфт верзијата ќе биде презентирана во септември, најпрво пред членките на Платформата ,,Младите против насилство” , а потоа следи промоција на дефинираниот стратешки документ.