Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Во рамки на проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)“ се спроведе Конференција за презентација и избор на најдобри идеи за развој на заедницата.

На конференцијата се одржа и младинскиот натпревар, чија цел беше да се промовираат иницијативи за развој на заедницата во која младите живеат и делуваат, како и нивно поттикнување да бидат активни граѓани во општествениот живот.

Од шест идеи, беа избрани најдобри три за развој на заедницата (од страна на Комисија). Прво место освои идејата „Drim buy – Купувај по струшки од Струга“ на тимот од Струга, второ место доби тимот „Конект“ од Куманово и трето место за тимот „CareTalk“ од Куманово. Вкупно имаше 16 учесници, поделени во 6 групи, кои претходно низ процес на менторство ги подготвија своите идеи.

На настанот присуствуваа млади, претставници од ЕУ, медиуми, како и Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, Златко Апостолоски, претставник од Агенцијaта за млади и спорт, Наим Иљази, Службеник за млади во општина Куманово, Мартин Крстиќ, Првиот претседавач на Платформата ,,Младите против насилство”, Драгана Костевска,  и член на управен одбор на Платформата ,,Младите против насилство”, Никола Веселинов.

iep-admin
Author: iep-admin


Оваа веб-страница е креирана и се одржува со финансиска поддршка на Европската Унија. Нејзината содржина е единствена одговорност на проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)” и не ги одразува ставовите на Европската Унија.

IEP © 2024.

All Rights Reserved.