Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Членките на Платформата ,,Младите против насилство” активно учествуваа во последниот -еднодневен состанок (од предвидените четири состаноци за стратешко планирање), а спроведен во рамки на Платформата ,,Младите против насилство”.

Целта на состанокот, беше презентација на Нацрт – стратегискиот план на Платформата ,,Младите против насилство” за периодот 2024 – 2025г. Истиот беше детално разгледан и проследен со плодна дискусија и активна работа во групи за креирање на акциски планови по стратешките цели.

Стратегискиот план на Платформата се развиваше во текот на првите три одржани состаноци во Куманово, Струга и Скопје. На тие состаноци, членките на Платформата работеа заедно за идентификување и приоретизирање на клучни области од значење за Платформата. Процесот вклучуваше SWOT анализа, проверка/ревизија на визијата и мисијата на Платформата, утврдување на стратешки цели и преглед на можни активности за периодот 2024-2025 г. Членките на Платформата, преку својот ангажман, ентузијазам и посветеност дадоа голем придонес во развојот на стратешкиот план, од кој произлезе Нацрт верзијата.

Состаноците за Стратешко планирање на Платформата ,,Младите против насилство” за 2024 – 2025 година беа интензивни и продуктивни, а се одржаа во периодот мај-септември во Куманово, Струга и Скопје.

Предлог Стратегијата ќе биде ставена на дневен ред за гласање од страна на управниот одбор на Платформата.

iep-admin
Author: iep-admin


Оваа веб-страница е креирана и се одржува со финансиска поддршка на Европската Унија. Нејзината содржина е единствена одговорност на проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)” и не ги одразува ставовите на Европската Унија.

IEP © 2024.

All Rights Reserved.