Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Платформата “Младите против насилство” организира 3-тридневни меѓуопштински работилници (од градовите Скопје, Куманово, Струга и други) на теми: меѓукултурна соработка, социо-економски развој и (дигитална) медиумска писменост.

Целта на работилниците е здружување на различни групи млади и нивните репрезентативни граѓански организации во изнаоѓање заеднички терен за меѓукултурна соработка, преку фокусирање на социо-економските иницијативи за подобрување на младинскиот статус во нивните општини.
На секоја од 3те работилниците е предвидено да учествуваат по 20, односно вкупно 60 млади (на возраст од 15 – 29 години), претставници на младински организации/организации за млади, локални младински совети и службеници за млади (предност ќе имаат членките во Платформата). Напомена дека пријавените имаат право на учество само на една од 3те работилници.  

Динамиката на спроведување ќе биде следната:
1ва работилница 14-16 март, 2023г.
2ра работилница 4-6 април, 2023г
3та работилница 11-13 април, 2023г.

Работилниците ќе се одржат во хотел Романтик-Велес, во периодот од Март-Април 2023 година, а се спроведуваат како дел од на проектот „Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)”, поддржан од Европската Унија. Целта на проектот е да се зајакне капацитетот на локалното граѓанско општество за градење отпорност против радикализација на младинското население во Северна Македонија. Патните трошоци за сите пријавени ќе бидат рефундирани.

За да бидете дел од работилниците, аплицирајте на следниот линк   https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSerzDE0yAhTyR1TGAzylZ5Drr2qHcChehIFaWissbUIAo1J0Q/viewform?usp=sf_link  најдоцна до 06.03.2023г. Агенда за работилниците ќе биде испратена дополнително, откако ќе биде утврден бројот на учесници.

iep-admin
Author: iep-admin


Оваа веб-страница е креирана и се одржува со финансиска поддршка на Европската Унија. Нејзината содржина е единствена одговорност на проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)” и не ги одразува ставовите на Европската Унија.

IEP © 2024.

All Rights Reserved.