Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)“, кој се спроведува од страна на Иницијатива за Европска Перспектива од Скопје како ко-ординатор на проектот во партнерство со Нексус – Граѓански концепт од Скопје, Здружението за развој и активизам – Аква од Струга и Центар за интеркултурен дијалог (ЦИД) од Куманово, финансиран од ЕУ, отвара повик за пријава на учесници на младински натпревар за најдобри идеи за развој на заедницата во која живеат.

Целта на младинскиот натпревар е да се промовираат иницијативи за развој на заедницата во која младите живеат и делуваат, како и нивно поттикнување да бидат активни граѓани во општествениот живот.

Опис на младинскиот натпревар

Во рамки на младинскиот натпревар за најдобри идеи за развој на заедницата во која живеат, предвидено е да учествуваат 6 учесници од Скопје и по 5 учесници од Куманово и Струга, со што ќе се опфатат вкупно 16 млади луѓе. На одбраните учесници ќе им се додели ментор во времетраење од 5 дена во месец мај во кој ќе изработат предлог проект од младинските идеи  за развој на заедницата. Учесниците ќе ги подготвуваат проектите во групи (од 2ца и 3ца млади, а групирањето ќе се направи во текот на менторството). Менторските средби ќе се одржуваат според местото на живеење на учесниците.

Подготвениот предлог проект, учесниците ќе го презентираат на младински натпревар кој ќе биде дел од прес-конференција, а ќе се организира кон крајот на месец јуни во Скопје. Младинските идеи ќе бидат оценувани од членови на Комисија, каде што најдобрите идеи ќе бидат наградени.

За да учествувате на натпреварот, потребно е да ги исполнувате следните критериуми за аплицирање:

  • Млади на возраст од 15-29 години.
  • Да живеат во Скопје, Куманово, Струга, Кавадарци, Штип и Битола.
  • Да имаат учествувано на една од 3-тридневните меѓуопштински работилници што се реализираа во периодот март-април 2023г. во Велес, или пак, на една од работилниците со средношколци, одржани во Струга, Куманово и Скопје во периодот мај-декември 2022г.
  • Да имаат мотивација за учество.
  • Да можете да присуствувате на менторските средби и натпреварот во периодот мај-јуни.

Ова е одлична можност за младите луѓе и граѓанските организации да придонесат за развојот на нивните заедници. Ги охрабруваме сите подобни млади луѓе да аплицираат и со нетрпение очекуваме да ги слушнеме вашите креативни и иновативни идеи.

Аплицирањето за учество во младинскиот натпревар, е на следниот линкот: https://forms.gle/3JFHUEjgeyfQsBio9 , најдоцна до 28.04.2023г., 12ч.

Повеќе информации може да добиете на следниот меил: k.sibinovska@iep.mk

iep-admin
Author: iep-admin


Оваа веб-страница е креирана и се одржува со финансиска поддршка на Европската Унија. Нејзината содржина е единствена одговорност на проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)” и не ги одразува ставовите на Европската Унија.

IEP © 2024.

All Rights Reserved.