Првата работилница на тема “Активно учество” се одржа во Струга на 26ти мај. Работилниците ќе придонесат во зајакнувањето на капацитетите на младите, нивна едукација и градење на нивната самодоверба, одбегнувајќи го негативното влијание и говорот на омраза, подобрување на соработка со институции, граѓанските организации и промоција на социјални иновации. Втората и третата работилница на истата тема ќе се одржат на 31ви мај во Скопје и 3ти јуни во Куманово.