Нашата визија е создавање на општество со еднакви можности за сите. Подготвеност за Европа ја заснова својата визија на универзалните принципи на граѓанското општество и партиципативна демократија, владеење на правото, избалансиран и одржлив социоекономски развој, ненасилство, почитување и меѓусебна зависност и културна разновидност. Мисијата на Подготвеност за Европа е да ги охрабри промените со нови и алтернативни решенија за секојдневните предизвици со кои се соочува македонското општество во насока на остварување на целите за одржлив развој, притоа почитувајќи ги основните европски вредности и принципи.
Во текот на 2021 година капацитетите, вештините и знаењата на своите членови Здружението ќе ги насочи кон остварување на своите стратешки цели, а особено во фокус ќе стават следниве области:
- Европа подготвена за дигиталното доба, со особен акцент на дигиталната трансформација и приватност (privacy)
- Промовирање на нашиот европски начин на живот– градење на Унија на еднаквост во која сите ние имаме ист пристап до можностите, со особен акцент на работа со деца, млади и стари лица
Приоритети за Здружението за период 2021/2022.
- Дигитално општество со осврт на приватност;
- Инклузивно општество со осврт на стари лица, деца и млади
Sorry, no records were found. Please adjust your search criteria and try again.
Sorry, unable to load the Maps API.