Здружение за поддршка на идентификувани и потенцијални ранливи групи ЖРТВА Скопје е основано 29.07.2019 година во Скопје. Идејата за основање на истото претставува резултат од неколку годишно истражување на Драгана Костевска – претседателка на ЖРВА Скопје за сопствена докторска теза. Имено, истата изработува докторска теза со наслов „Виктимизација на стари лица -со посебен осврт на стари лица како жртви на насилнички и имотен криминалитет во Република Македонија“ и по успешна одбрана се стекнува со научен назив Доктор на науки во областа на безбедноста. Меѓу другото, станува збор за прва докторска дисертација од доменот на криминална виктимизација на стари лица во Република Северна Македонија и воедно оттука се раѓа желбата за истражување, шансите за промени и самото име на Здружението. Имено во тој временски квантум, истата согледува повеќе општествени празнини за добивање релевантни податоци, а воедно воочува и неприкосновена можност за вистинска работа на терен и прилика за сериозни општествени промени. Оттука, по иницијатива на истата личност, се собра група ентузијасти кои што дел од нив се и експерти во своите области, се договорија и го основаа Здружението.
Визија на здружението е: Нулта општествени ризици и општество без жртви.
Мисијата на здружението е: Иницирање и спроведување општествените промени со експертски, иновативен и флексибилен пристап за справување со општествени ризици преку идентификација, едукација, превенција и поддршка.
Долгорочни цели на Здружението претставуваат:
- Добро информирани и зголемен број на едуцирани лица за препознавање, разбирање, како и превенирање на статус жртва, како едно од најгрубо кршење на човековите права;
- Воспоставен одржлив систем и политики за превенција, проценување, планирање, интервенирање, континуирано следење и евалуација на состојбите за лица во ризик;
- Зајакнати организациски капацитети за поддршка на ранливи групи и помагање на граѓани кои се наоѓаат во состојба на потенцијален и реален ризик;
- Иновативни идеи и решенија произлезени од потенцијалот и реалните потреби на самите жртви
Sorry, no records were found. Please adjust your search criteria and try again.
Sorry, unable to load the Maps API.