Секој од нас постојано започнува нови и важни поглавја во текот на својот живот. Потребата од прифаќање на циклусот на промени и постојаното приспособување се основата на функционирањето и успехот на секој човек. Доколку во текот на целиот живот останеме отворени за совладување нови предизвици и стекнување дополнителни знаења и искуства, тогаш можеме да постигнеме многу и постојано да се развиваме, станувајќи зрела личност која цврсто чекори на својот пат. Учеството како фундаментално право на граѓаните и граѓанките е многу важен сегмент во нашиот демократски живот.