Фондацијата Фридрих Еберт во 2013 година ја спроведе првата национална студија за млади во Македонија, со цел да ги измери, опише и објасни главните ставови на македонската млада популација, во однос на општеството, политиката, образованието, вработувањето, семејството, религијата и интеграцијата во Европска Унија. Студијата се спроведе со истата методологија во сите земји во регионот, што овозможи и резултираше со дополнителни споредбени анализи. Резултатите од оваа студија наидоа на широк интерес во Македонија и беа користени како основа на креирање на одредени предлог политики и проекти во изминатите години.