Во периодот октомври – ноември се реализираа едукативни работилници со кои се опфатија младите од Струга, Куманово и Скопје. Темата на едукативната работилница беше ,,Конструктивно решавање на конфликти како нов наратив во мултикултурните општества”.
Преку работилницата беа зајакнати знаењето и вештините на младите за конструктивно решавање на конфликти, а кои пак, ќе придонесат за воспоставување на подобрена комуникација, разбирање и соживот во мултикултурните општества.