Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)“ воведе Платформа која е предводена од граѓански организации за граѓанско образование на млади и има за цел да обезбеди, презентира и да споделува позитивни алтернативи и контра-наративи против радикализација на младите, преку нудење на едукација и модел на соработка за генерирање позитивни идеи во заедницата, мултикултурна соработка и социо-економски активности.

Улогата на Платформата е да работи со млади и граѓански организации и да ги зајакнува нивните капацитети во насока на градење мир, соживот и толеранција.

Со овој отворен повик се покануваат сите заинтересирани граѓански организации формирани согласно Законот за здруженија и фондации и неформални групи на млади (асоцијативно членство) да учествуваат во работата на Платформата.

Зачленувањето во Платформата се врши со пополнување и доставување на приложениот образец за членство. Повикот е отворен во текот на цела 2023 година.

По разгледување на формуларот од страна на тимот на проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација” организациите/неформалните групи ќе бидат повратно информирани.

Ве молиме да го проширите овој повик до сите потенцијално заинтересирани граѓански организации/ неформални групи ваши партнери и соработници, кои ги споделуваат вредностите на Платформата, да аплицираат.

Аплицирањето се врши електронски на следната e-маил адреса: youthcounter2021@gmail.com

Лице за контакт: Кристина Сибиновска, Проектен Директор, е-маил: k.sibinovska@iep.mk

Повикот, Формуларите за членство заедно со Условите и критериумите за членство, можете да ги најдете прикачени подолу:

iep-admin
Author: iep-admin


Оваа веб-страница е креирана и се одржува со финансиска поддршка на Европската Унија. Нејзината содржина е единствена одговорност на проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)” и не ги одразува ставовите на Европската Унија.

IEP © 2024.

All Rights Reserved.