Здружение за поддршка на идентификувани и потенцијални ранливи групи ЖРТВА Охрид, спроведува проект „Рехабилитација на жени затворенички“, во КПД Идризово. Имено, во рамките на проектот се спроведени 10 теоретски работилници и 10 јога сеанси. Меѓу другото, за успешноста на самиот проект освен постигнувањето на претходно поставените цели, говори и фактот дека жените беа одушевени од начинот на работа, при што изразија желба за понатамошна примена на јога вежби. Затоа ЖРТВА во соработка со Управа за извршување на санкции на Република Северна Македонија, а финансиски поддржано од Цивика мобилитас, ги донираше подлогите за вежбање.
Активностите од овој проект придонесоа до подобрување на психофизичкото здравје на жените затворенички во насока на нивна ресоцијализација и успешна реинтеграција во општеството.