ЦРЗ „ДРОМ“ е кратенка за Центар за Ромска Заедница „ДРОМ“. На ромски јазик, „дром“ значи „пат“. За членовите на организацијата, тоа значи пат до развој, за добивање на човекови права, до демократија, до образование и интеграција
ВИЗИЈА НА ЦРЗ „ДРОМ“
Напредок на Ромите воопшто, подигната свест, интеграција во општеството со тоа што Ромите стануваат посилни и нивно претставување како рамноправни граѓани во и надвор од Република Македонија.
Во последните пет години, ЦРЗ ДРОМ се фокусира на доброто управување и човековите права и правата на младите.
МИСИЈА НА ЦРЗ „ДРОМ“
ЦРЗ „ДРОМ“ е ромска невладина организација која соработува со релевантни институции во и надвор од Република Северна Македонија. Исто така, се залага, мотивира и активно работи за повисок животен стандард и повисоко ниво на интеграција на Ромите во општествениот живот преку проекти и програми од образовен, хуманитарен, социјален и еманципациски карактер, како и почитување на разликите во половите.
Sorry, no records were found. Please adjust your search criteria and try again.
Sorry, unable to load the Maps API.