Самообразование, волонтирање и социјални иновации – иднината на младите
Проектот, заедно со средношколците и младите од Скопје, Куманово и Струга го финализираше 6-от и последен модул за јакнење на нивните капацитетите. Овој модул имаше за цел поттикнување на само-иницијативноста на младите и нивна ангажираност во адресирање на проблемите кои директно ги засегаат, преку:
- Развивање на свест кај младите од потребата од вклучување во волонтерство и самообразование како пат кон поттикнување на нови иновативни решенија на старите предизвици во заедницата (социјални иновации).
- Поттикнување на учество/мотивација за вклучување во иницијативи кои се посветени на подобрување на животот во заедницата.
- Развивање на вештини за истражување, анализа и презентирање на општествени проблеми и нивни решенија кои се иновативни за групите, контекстот и проблемот.
- Развивање на позитивни ставови кон волонтирање и само-учење на младите како пат кон нови социјални иновации.