Во рамки на организацијата Аква од Струга, партнер во проектот “Младите против насилство”, на 14.05.2022 година, како завршен настан на МОФ клуботУчиме Право во Струга, за учебната 2021/22 година беа одржани две симулации на главна расправа од кривична постапка инспирирани од македонската судска пракса – „Бакшиш“ и „Заборави ако можеш“.
На подготовка на симулациите, учениците работеа изминатите 3 недели под менторство на предавачот Ана Наумоска. Преку нив имаа можност ставајќи се во улога на: јавни обвинители, судии, адвокати, обвинети, оштетени и сведоци, практично да ги применат знаењата од областа на кривичното право и да ги согледаат карактеристиките на судскиот процес.
Настанот беше од отворен карактер и се одржа во салата на Советот на Општина Струга.