Во рамки на проектот „Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)” беа спроведени меѓуопштински работилници за млади и граѓански организаци на тема: меѓукултурна соработка, социоекономски развој и (дигитална) медиумска писемност.
На работилниците активно учество зедоа вкупно 60 млади (на возраст од 15 – 29 години), претставници на младински организации/организации за млади, кои ги продлабочија своите познавања на темите кои се обработуваа, ги мапирааа потребите на општините од кои доаѓаат, предлагајќи иницијативи за социо-економски развој.
Работилниците се одржаa во хотел Романтик-Велес, во периодот од март-април 2023 година.