Во рамки на проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)“ се спроведе Конференција за презентација и избор на најдобри идеи за развој на заедницата.
На конференцијата се одржа и младинскиот натпревар, чија цел беше да се промовираат иницијативи за развој на заедницата во која младите живеат и делуваат, како и нивно поттикнување да бидат активни граѓани во општествениот живот.
Од шест идеи, беа избрани најдобри три за развој на заедницата (од страна на Комисија). Прво место освои идејата „Drim buy – Купувај по струшки од Струга“ на тимот од Струга, второ место доби тимот „Конект“ од Куманово и трето место за тимот „CareTalk“ од Куманово. Вкупно имаше 16 учесници, поделени во 6 групи, кои претходно низ процес на менторство ги подготвија своите идеи.
На настанот присуствуваа млади, претставници од ЕУ, медиуми, како и Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, Златко Апостолоски, претставник од Агенцијaта за млади и спорт, Наим Иљази, Службеник за млади во општина Куманово, Мартин Крстиќ, Првиот претседавач на Платформата ,,Младите против насилство”, Драгана Костевска, и член на управен одбор на Платформата ,,Младите против насилство”, Никола Веселинов.